Како да создадете подарок од лична фотографија

Следете го чекорот за користење онлајн услуга за печатење фотографија за да претворите некоја од вашите фотографии во забавна сложувалка како подарок.

Постојат голем број веб-страници што нудат услуги за печатење, но во овој курс ќе ја користиме како пример веб-страницата наречена SquirrelPrint. Кога избирате веб-страница за да нарачате сложувалка или друг подарок од фотографија, чекорите што ќе ги следите ќе бидат слични.

Фотографијата што ќе ја користиме како примерок во овој курс е онаа што беше уредена и подготвена во курсот Како да користите уредник на фотографии (Using a photo editor).

Сложувалка

Можете да направите подароци од вашите фотографии

Постојат голем број веб-страници на кои можете да им дадете една ваша фотографија и тие ќе ја претворат во подарок така што ќе ја испечатат на разни материјали, на пример, од платно до модерна шолја.

Веб-страницата SquirrelPrint што служи како пример го нуди следниот избор подароци:

  • евтина врамена отпечатена фотографија
  • сложувалка (можете да изберете од колку парчиња ќе се состои)
  • модерни шолји со штампа
  • маици и крпи
  • маски за лице и друго!

Секој од овие предмети, или повеќе од секој еден, може да се создадат од една единствена поставена фотографија.

Важно е да разгледате повеќе веб-страници кога избирате услуга за печатење фотографии, за да бидете сигурни дека сте избрале правилно. Треба да знаете дека некои веб-страници не ги покажуваат трошоците за поштарина, а некои може да имаат и поштенски трошоци за странство. Проверете ги критиките на корисници, кои ќе ви дадат подобар увид во квалитетот на крајниот производ.

Чекор 1. Поставете ја вашата фотографија

Во овој пример ќе ја употребиме фотографијата од Ејми и Скрафи од курсот Како да користите уредник на фотографии (Using a photo editor). Оваа фотографија е веќе поправена и уредената копија е зачувана и подготвена за поставување. Кога нарачувате фотографија за каков било вид печатење, фотографијата треба да има точен тип на датотека и соодветна големина.

Веб-страницата SquirrelPrint објаснува дека фотографијата треба да биде тип на датотека JPG, BMP или PNG и не треба да биде поголема од 20 MB (мегабајти).

БЕЛЕШКА: Понекогаш фотографиите може да бидат премали за професионално печатење. Бидејќи е тешко да разберете дали фотографијата е премногу мала, SquirrelPrint ви бара да ја поставите фотографијата и тогаш локацијата ќе ви покаже колку голема штампа или сложувалка можете да нарачате.

Бидејќи фотографијата е зачувана како JPG, таа е компатибилна со услугата на SquirrelPrint.

  • Кликнете на фотографијата со десен клик на глувчето и изберете Својства (Properties) од менито што се појавува.
  • Ова покажува дека фотографијата има големина од околу 4,5 MB.
  • Тоа е помалку од границата од 20 MB на SquirrelPrint, па може да се постави.
  • На веб-страницата SquirrelPrint кликнете на копчето Постави фотографија (Upload Photo) .
  • Можете да ја влечете и испуштите фотографијата од компјутерот или да кликнете на Постави (Upload) за да го видите панелот на File Explorer на компјутер со Windows.
  • Кога ја избирате оваа опција, изберете ја фотографијата од списокот со датотеки што се појавува.

Бидејќи веб-страницата SquirrelPrint треба да ја провери големината на фотографија, нормално е да ја поставите пред да изберете што сакате да нарачате. Ќе ја изберете сложувалката во крајниот чекор на процесот, пред да ја потврдите нарачката.

Чекор 2. Фотографијата се појавува на веб-страницата

Откако ќе кликнете на Постави (Upload), веб-страницата SquirrelPrint ќе ја анализира фотографијата и ќе покаже минијатура (или мала верзија) од фотографијата на екранот. Бидејќи фотографијата има големина од 4,5 MB, SquirrelPrint вели дека имаме голем избор опции ако сакаме да нарачаме нешто! Како општо правило, фотографија со големина на датотека од 3 - 10 MB и тип на датотека JPG ќе произведе добар квалитет.

Чекор 3. Како да изберете опција за сложувалка

Штом ја поставивте фотографијата и веб-страницата е задоволна со големината и типот на датотека, време е да изберете производ. Ќе избереме сложувалка од понудените опциите што вклучуваат врамена слика, шолја, маица и сложувалка.

Безбедно е да поставиме фотографија на веб-страница како што е SquirrelPrint, бидејќи фотографијата не се зачувува на серверите на веб-страницата сѐ додека не ја платите вашата нарачка. Овие видови локации исто така не се сопственици на правата на вашите фотографии и не можат да ги користат за да ги рекламираат нивните услуги или да ги продаваат на други рекламни агенти.

Кога избирате вистинска веб-страница за да го нарачате вашиот фотографски производ, можете да ги најдете деталите за сето ова со кликнување на врската Политика за приватност (Privacy Policy), што обично се наоѓа во долниот дел на страницата.

Чекор 4. Отсекување и порамнување на фотографијата

SquirrelPrint има одреден формат за опцијата за сложувалка, односно совршено четириаголна слика што се сече во парчиња на сложувалка од машина. Можете да изберете од колку парчиња сакате вашата сложувалка да се состои во следниот чекор, но најпрво треба да ја порамните фотографијата со четириаголниот облик на сложувалката. SquirrelPrint нуди алатки за да ви помогне да го направите ова. Едноставни алатки ви овозможуваат да ја отсечете, вртите, па дури и да ја зумирате фотографијата.

Чекор 5. Изберете опции на сложувалка

Кога фотографијата е поставена онака како што сакате, кликнете на Следно (Next) и SquirrelPrint ќе ви покаже неколку опции за сложувалка. Основната сложувалка има само 50 парчиња и всушност е наменета за деца. Во овој пример изберете опција со 200 парчиња и кликнете на неа за да ја изберете. Потоа кликнете на Следно (Next) за да продолжите.

Чекор 6. Изберете каде да се прати сложувалката

Потоа, ќе треба да дадете некои лични детали за испорака и фактурирање што вклучуваат:

  • име
  • адреса на е-пошта (Email address) за да добивате ажурирања и сметкопотврда од SquirrelPrint
  • домашна адреса (Home address) за наплата
  • адреса на испорака (Delivery address) за испорака.

Сложувалката може да му се испорача директно на лице на коешто сакате да му ја подарите, но ако користите првпат ваква фотографска услуга, можеби прво ќе сакате да го проверите квалитетот на штампата. Затоа, како адреса на испорака (Delivery address), изберете ја опцијата иста како адреса за наплата (same as Billing address) така што сложувалката да ви се испрати вам.

Чекор 7. Проверка на цена

Сега штом SquirrelPrint ја знае вашата адреса за испорака, локацијата може да ги пресмета трошоците за испорака на нарачката. Веб-страницата ќе ви покаже страница со детална сметка. Во нашиот пример сложувалката чини 29,95 долари, плус 9,95 долари за надградба на опцијата со 200 парчиња.

За релативно мали производи како овој, стандардната поштарина често е бесплатна, но за да ја добиете нарачката побрзо, треба да платите 11,95 долари за експресна испорака. Бидејќи ова е само пример, ајде да „се разгалиме“ со експресна испорака!

Чекор 8. Внесете детали на кредитна картичка

Сега е време да ги внесете деталите на вашата кредитна картичка и да кликнете на Плати сега (Pay Now).

Можете да се чувствувате сигурни кога ги споделувате деталите на кредитна картичка со онлајн-продавница како што е SquirrelPrint ако знаете дека е веродостојна електронска продавница. Секогаш треба да проверувате дали адресата на веб-страница во прегледувачот е точна и дали покажува икона на катанец (padlock icon) или https://, што значи дека локацијата ги шифрира информациите што ги споделувате со неа. Бројот на вашата кредитна картичка има дополнителна заштита со бројот CV2, трицифрениот број на задниот дел на вашата картичка.

Чекор 9. Проверете ја вашата е-пошта!

По неколку минути SquirrelPrint ќе ви прати е-пошта во која вели дека ја прими вашата нарачка. Повеќето електронски продавници тогаш праќаат втора е-пошта неколку моменти подоцна, којашто вклучува даночна сметкопотврда за плаќањето што го извршивте.

Електронските продавници често праќаат потврда на нарачка (со детали на нарачката) и вашата сметкопотврда во две одделни е-пошти. Е-поштата со потврда на нарачка вели дека можете да очекувате сложувалката да пристигне во рок од 5 работни дена.

Примањето на вашата нарачка можеби ќе ви инспирира

Во нашиот пример нарачавме сложувалка од SquirrelPrint и вашата нарачка пристигнува со брза пошта. Таа е спакувана во убава картонска кутија со копија од фотографијата на предниот дел како примерок. Секое парче е доста дебело и цврсто и има сјајна фотографска површина на страната на сликата. Има ист квалитет како и комерцијалните сложувалки. Фотографијата е јасна и висококвалитетна.

Локациите за печатење фотографии како што е SquirrelPrint сакаат да повторно да купувате кај нив, па затоа секогаш ви нудат да пробате нови креативни идеи. Во нашиот пример, можеме да ја користите оваа фотографија и за:

  • врамена, висококвалитетна верзија на фотографија
  • шолја што ја открива фотографијата кога во неа ставате течност
  • дебела плочка од акрилен материјал со фотографија во внатрешноста што можете да ја користите за да притискате хартија
  • крпа.

Зошто не фотоалбум?

Кога користите со доверба веб-локација како што е SquirrelPrint, можете да се обидете да создадете и нарачате фотоалбум. Тоа е збирка фотографии наредени на страници. Веб-страницата ќе ви помогне да поставите и подредите голем број фотографии и да вклучите и текст. Можете да го зачувате напредокот како што продолжувате ако имате доверба да ги поставите вашите фотографии на веб-страницата.

Електронските апликации за уредување не ја зачувуваат вашата фотографија на интернет. Луѓето кои работаат со овие веб-страници не можат да ги видат вашите фотографии, не задржуваат копии од нив и нема да им ги продадат на рекламни агенти.

Фотоалбумите ви овозможуваат да станете суперкреативни со вашите фотографии. Некои електронски уредувачи исто така имаат режим за графички дизајн каде можете да создавате посложен изглед на фотоалбум. Вашиот избор е неограничен!